Најголемиот автомобилски настан пристигнува во Скопје: Лансирана официјалната страница на Auto Expo Skopje 2027
Од 28 до 30 мај 2027 година, платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде домаќин на голем автомобилски настан – Auto Expo Skopje 2027.
Во пресрет на саемот, веќе е поставена и официјалната веб-страница autoexpo.mk, на која се најавува настанот под слоганот „Најголемиот автомобилски настан пристигнува“.
Според првичните информации објавени на платформата, страницата моментално е во фаза на подготовка, а во наредниот период таму ќе бидат објавувани сите детали околу учесниците и изложувачите, официјалната програма на настанот, како и информациите за влезниците.
Заинтересираните компании, партнери и посетители можат да ги следат новостите преку официјалниот веб-портал или да стапат во контакт со организаторите преку електронската пошта info@autoexpo.mk.


