24/11/2024
ПочетнаСветПекинг му одговори на Бајден: Апсурдно е да се нарече Кси диктатор

Пекинг му одговори на Бајден: Апсурдно е да се нарече Кси диктатор

Кина во средата ја изрази силнп незадоволство и жесток протест за „апсурдната“ забелешка на американскиот претседате Џо Бајден дека неговиот кинески колега по должност Кси Џинпинг ѝ „припаѓа на категоријата диктатори“.

„Изјавите не американската страна се крајно апсурдни, крајно недоговорни, контрадикторни се со фактите, сериозно го нарушуваат дипломатскиот бонтон, претставуваат сериозно нарушување на политичкото достоинство на Кина и отворена политичка провокација“, исткана на редовниот брифинг во средата портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Бајден ден претходно изјави дека Кси ги нема сите информации за инцидентот со наводно шппионски кинески балон кој го соборија американските борбени авиони дури откако го прелета целиот воздушен простор на САД, вклучително и воена база во која се чуваат нуклеарни проектили, додека Пекинг вели дека станува збор за метеоролошки аеростат кој избегал од контрола. Според американскиот претседател, поради тоа кинескиот е „многу вознемиран“, затоа што тоа е „голем срам за диктаторите“.

Изјавата на Бајден дојде неполн ден по завршувањето на официјалната посета на Кина на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, прва во тој ранг по ноември 2018 година, во која Вашингтон положуваше големи надежи за подобрување на односите со Пекинг.

Кси Џинпинг на средбата со Блинкен ги повика САД да останат посветени на консензусот постигнат меѓу него и Бајден на средбата на Бали минатата година на маргините на самитот на Г20, и да ги преточат позитивните изјави во активости за срабилизирање и подобрување на кинеско-американските односи. Кинескиот претседател изрази притоа и надеж дека САД ќе заземат рационална и прагматична позиција и ќе работат со Кина во истата насока.

Патувањето на Блинкен, кое беше одложено во февраури откако американските борбени авиони соборија наводно кинески шпионски балон кој го прелета речиси целиот воздушен простор на САД вклучително и над воена база во кој се чуваат нуклеарни проектили, беше со големо внимание следено во целиот свет, бидјќи натамошното влошување на односите меѓу двете најголеми светски економии би можело да има глобални последици врз финансиските пазари, досегашните трговски практики и рутите и синџирите на снабдување.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ