Легендарната пејачка Тина Тарнер почина неодамна во својот дом во Швајцарија на 84-годишна возраст, а нејзиниот поранешен асистент открил која била последната желба на музичката дива.
„Тина Тарнер ќе биде погребана во Швајцарија. Таа не сакаше голем, јавен погреб. Таа сакаше да биде кремирана по нејзината смрт и очекуваме тоа да биде приватен настан. Сигурен сум дека подоцна ќе се организира комеморативен концерт и почит. Тоа ќе биде за нејзините многу блиски пријатели во Швајцарија и нејзиниот менаџер, тоа нема да биде поголем настан од тоа“, изјавил Еди Хемптон Армани за „Мирор“.
Тој во соопштението навел и дека ќе се одржи приватна богослужба на која ќе присуствуваат блиските пријатели и семејството.