24/11/2024
ПочетнаСветПретседателот на Куба во посета на Србија

Претседателот на Куба во посета на Србија

Претседателот на Куба Мигел Дијаз-Канел Бермудез денеска е во посета на Србија.

Церемонијата на пречек на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез започна околу 10 часот, а гостинот од Куба го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Кубанскиот претседател беше пречекан со сите почести – црвен тепих, гарда и национални химни, по што во знак на почит се поклони пред српското знаме.

После тоа започна тет-а-тет средбата меѓу Вучиќ и Мигел Дијаз-Канел Бермудез.

Во 10:45 часот се планирани пленарни разговори на делегациите на Србија и Куба предводени од претседателите на двете земји.

Вучиќ на својот Инстаграм профил објави дека е убеден дека посетата ќе даде нов поттик за зајакнување на традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и за продлабочување на политичките врски и економската соработка.

„Добредојдовте кај нас, драг пријателе“, напиша Вучиќ.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ