24/11/2024
ПочетнаUncategorizedВучиќ утрово на состанок со амбасадорите на Квинтата, Борел го осуди „шокантното...

Вучиќ утрово на состанок со амбасадорите на Квинтата, Борел го осуди „шокантното насилство“

Попладне, пак, е предвидено српскиот претседател Вучиќ да се сретне и со амбасадорите на Русија и на Кина

По вчерашната ескалација на тензиите во Општината Звечан на северот на Косово, кога беа повредени над 50 лица, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел се огласи на социјалните мрежи осудувајќи го насилството како „шокантно“ и ги повика на итна деескалација на насилствата.

„ЕУ најостро го осудува шокантното насилство во Звечан. Насилните дејствија извршени против НАТО и КФОР, војниците, медиумите, цивилите и полицијата се апсолутно неприфатливи. ЕУ ги повика косовските власти и демонстрантите веднаш безусловно да ја ескалираат ситуацијата. Очекуваме страните да се однесуваат одговорно и веднаш да најдат политичко решение преку дијалог“,
напиша Борел на Твитер во текот на ноќта.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, утрово е на состанок со амбасадорите на Квинтата (САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија) во Србија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ во Белград.

На состанокот со него присуствуваат и министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на Армијата на Србија, Милан Мојсиловиќ. Попладне, пак, е предвидено Вучиќ да се сретне и со амбасадорите на Русија, Александар Боцан-Харченко, и на Кина, Чен Бо, јавува РТС.

По вчерашната ескалација на тензиите, Вучиќ во вонредно обраќање вината ја префрли кај косовскиот премиер Албин Курти.

За растерување на демонстрациите вчера беа употребени и солзавци, а ноќта, како што јавуваат медиумите, поминала мирно.

За денеска, пак, се најавени нови протести против градоначалниците Албанци во општините со српско мнозинство во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ