24/11/2024
ПочетнаUncategorizedЗаврши 76. издание на Канскиот фестивал:Златната палма за филмот „Анатомија на еден...

Заврши 76. издание на Канскиот фестивал:Златната палма за филмот „Анатомија на еден пад“

Филмот „Анатомија на падот“ на француската режисерка Жистин Трие ја освои Златната палма за најдобар филм на 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан.

Филмот „Anatomy d’une chute“ (Анатомија на еден пад) ја освои главната награда, додека оваа година во трката имаше 21 филм.

Жистин Три (44) стана трета наградувана режисерка во историјата на Канскиот фестивал. Пред неа тоа беше Џејн Кемпион за филмот „Лекција по пијано“ (1993) и Жилија Дикурно во 2021 година за филмот „Титан“.

Гран-прито на жирито го освои Џонатан Глејзер за филмот „The Zone of Interest“ за секојдневниот живот на нацистичкиот командант од Аушвиц. На овој начин жирито испрати порака за застрашувачката баналност на злото, оценува агенцијата Франс прес.

Со церемонијата на доделување на наградите во Кан беше завршен фестивалот вечерва, на кој бројни ѕвезди прошетаа на црвениот килим.

Претседател на жирито беше шведскиот режисер Рубен Остлунд, минатогодишниот добитник на Златната палма за филмот „Триаголник на тагата“.

Годинава заштитно лице на фестивалот беше француската актерка Катрин Денев со нејзиниот огромен портрет на влезот од палатата. Црно-белата фотографија е од 1968 година од продукцијата на „Ла чамада“ во режија на Ален Кавалиер.

Меѓу ѕвездите кои се натпреваруваа за Златната палма, веќе имаше и наградувани личности како Британецот Кен Лоуч (86), двократен добитник на победникот (2006 и 2016 година), Германецот Вим Вендерс, кој ја освои наградата во 1984 година за „Париз Тексас“, и Италијанецот Нани Морети.

Филмот кој годинава привлече внимание е „Жан де Бери“ на францускиот режисер Мајвен. Нејзиниот филм е приказна за миленичката на кралот Луј Петнаесетти, кој го игра Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“ и кој е персона нон грата на американската телевизија поради обвинувањата за семејно насилство.

Деп на фестивалот рече дека голем дел од она што е напишано за него е „страшна фикција“.

Деп, кој стана непопуларен во САД по неговото судење со поранешната сопруга Амбер Херд поради обвинувања за семејно насилство, ги доби сите почести на светот на кинематографијата во Кан на отворањето на фестивалот.

На маргините на фестивалот, кој започна на 16 мај, имаше протести на францускиот синдикат CGT, организатор на протестите против пензиската реформа во Франција. Тие собири поминаа без поголеми инциденти, а фестивалот, како и изминатите години, го обезбедуваше полицијата, која претходно посочи места каде собирите се забранети.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ