24/11/2024
ПочетнаUncategorizedОтворено 42. издание на “МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР” и 41 Светска детска ликовна...

Отворено 42. издание на “МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР” и 41 Светска детска ликовна изложба

Во Старата битолска чаршија, свечено беше отворено 42 издание на Малиот Битолски Монмартр – светска детска ликовна колонија, која во континуитет се организира во периодот од 23 – 30 мај со учество на 20 до 25 групи.

Годинава, кога детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, одбележува 55 години од основањето, се одбележува и 41 година од светската детска ликовна изложба и конкурс “Битола” на која пристигнаа 44.000 детски ликовни творби од 71 држава кои претставуваат 650 државни и приватни училишта или околу 40.000 млади ликовни уметници од цел свет. Општина Битола, како и во најтешките финансиски мигови кои ги имаше Малиот Битолски Монмартр минатата година, така и годинава, застанува зад оваа манифестација, поддржувајќи ја традицијата, континуитетот, квалитетот, развојот и поттикнувањето на ликовната уметност од најрана возраст. Малиот Битолски Монмартр, го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој поздравувајќи ги присутните, ја нагласи важноста на оваа светска детска ликовна колонија:

„Битола, со своите специфики, култура, историја и традиција, од вечерва во следните 7 дена, повторно ќе биде место во кое убавината на староградската и урбана архитектура, ќе биде инспирација како за домашните млади ликовни уметници, така и за гостите – учесници од 13 земји од светот.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ