На аудиенцијата кај папата Франциск, му ја честитав 10-годишнината од Понтификатот и му посакав долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност, напиша претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери на неговиот фејсбук профил.
– Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато – нашата Скопјанка и Албанка, Мајка Тереза и Светите апостоли Кирил и Методиј, објави претседателот на Собранието Џафери на фејсбук.