25/11/2024
ПочетнаUncategorizedАТП: Скок на Калин за 44. позиции, Ѓоковиќ падна на третото место

АТП: Скок на Калин за 44. позиции, Ѓоковиќ падна на третото место

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски скокна за 44 позиции на АТП листата, додека Новак Ѓоковиќ го предаде врвот на Карлос Алкараз.

Српскиот ас кој е рекордер по бројот на недели поминати на врвот на АТП настапот во Рим го заврши во четвртфиналето. Ваквата ситуација ја искористи Данил Медведев кој со освојувањето на турнирот се искачи на второто место.

На првото место како и што претходно беше најавено се врати Карлос Алкараз. Со пласманот во финалето Холгер Руне дојде до шестата позиција, пред него се Каспер Руд и Стефанос Циципас.

Калин Ивановски со добриот настап на турнирот во Куршумлиска Бања дојде до 415-та позиција што е негов најдобар ранкингг во кариерата. Скок забележа и Лина Ѓорческа која напредувше за осум позиции и сега е на 252. позиција на ВТА листата.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ