25/11/2024
ПочетнаUncategorizedНашата Елена Реи повторно букирана за кампања на светската дизајнерка Дајан Вон...

Нашата Елена Реи повторно букирана за кампања на светската дизајнерка Дајан Вон Фустенберг

Нашиот врвен топ модел Елена Реи од месец Февруари престојува и работи во Азија , па така неодамна се случи повторно да биде ангажирана во новата кампања и модниот каталог на познатата дизајнерка Дајан Вон Фустенберг.

„Навистина ретко се случува еден модел повторно да работи за светски признаен дизајнер тоа само докажува колку е исклучително професионален моделот за повторно да го ангажираат. Елена Реи имаше по неколку соработки и со Calvin Kline како и со престижната Monique Lhuillier”, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин.

За белгиската дизјнерка е доволно да се спомене дека беше на листата на Форбс за највлијателни жени и според Тајм магазинот рангирана како модна икона.

Додека пак нашата Реи повеќе од десет години колку што работи на светската модна сцена соработуваше со најголемите имиња во модната индустрија како Jimmy Choo , Armani , Valentino , Jill Sander , Donna Karan ,Zuhair Murad и многу други .

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ