Српскиот претставник на Евровизија, Лука Ивановиќ присуствуваше на гламурозното отворање на годинашното издание на најголемиот музички фестивал во Европа.
Музичарот, кој настапува под сценското име Лук Блек, се појави на тиркизниот тепих во Ливерпул со црна панделка на кошулата. На овој начин српската делегација им оддаде почит на жртвите во трагедијата во Белград.
„Мораме да бидеме на отворањето на Евровизија, но нашите срца и мисли се со жртвите и нивните семејства. Не сакаме никаква фама и ова се тажни денови за сите нас“, изјави Душка Вучиниќ Лучиќ од РТС за „Нова“, непоредно пред почетокот на церемонијата.
Пејачот, исто така, изрази искрено сочувство до семејствата на загинатите.
„Ќе пеам за Србија и за сите оние кои сочувствуваат со нас, многу ми е тешко“, изјави Лука Ивановиќ на почетокот на разговорот со новинарската екипа на „Нова“.