Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, најверојатно веќе ќе биде првиот рекет на планетата „една недела од сега“. Младиот Шпанец успеа да ја одбрани титулата на Мастерсот во Мадрид откако во финалето го победи големото изненадување на турнирот Јан Ленард Штруф од Германија со 6:4, 3:6, 6:3.
Ѓоковиќ го брани тронот во главниот град на Италија, додека Алкараз лани поради повреда не ни учествуваше на овој турнир.
Само со пристигнувањето во Рим заработува 10 поени бидејќи оди директно во второто коло на турнирот, а Ѓоковиќ ги брани 1.000 заработени поени од минатата сезона.
Единствено што може да го спаси Србинот на врвот на листата е Алкараз воопшто да не се појави во Рим, а српскиот ас повторно ја освојува титулата.