25/11/2024
ПочетнаUncategorizedУкраински делегат физички нападна Русин на собирот на црноморските нации во Анкара

Украински делегат физички нападна Русин на собирот на црноморските нации во Анкара

Украински делегат удрил руски делегат во лице за време на собирот на црноморските нации во турската престолнина Анкара, откако неговото украинско знаме било одземено додека се обидувал да се вметне во рамката за време на видео обраќањето на највисокиот руски делегат во Анкара, пренесува Ројтерс.

Украинецот Олександр Мариковски на Фејсбук објави видео како удира Русин и го враќа сино-жолтото знаме. Инцидентот се случил во ходникот на парламентарната зграда, каде во четвртокот се одржало собранието на Црноморската економска соработка (БСЕЦ).

Пред тој инцидент, некои украински делегати се пресметаа со чуварите кои се обидоа да ги отстранат додека протестираа, извикувајќи и носејќи ги нивните знамиња до главниот руски делегат, кој се обиде да се обрати пред собранието, додава британската новинска агенција.

Фотографии од инцидентот беа објавени на веб-страницата на турскиот парламент, а Мустафа Шентоп, претседателот на турското национално собрание, го осуди инцидентот.

– Го осудувам ваквото однесување кое ја нарушува мирната атмосфера што Турција се обидува да ја воспостави – рече Шентоп.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ