Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, денеска изјави дека Европската унија е покрај Србија, по двете масовни престрелки во два дена.
„Во Србија се случи уште едно масовно пукање, беа убиени невини луѓе. Ова е шокантна, страшна трагедија. Ја чувствуваме болката и цврсто стоиме покрај народот на Србија во овие тешки моменти“, напиша Борел на Твитер.
На крајот од твитот тој на српски напиша „ЕУ е со Србија“.