25/11/2024
ПочетнаUncategorizedМомче од Бихаќ најави дека ќе изврши масакр како вчерашниот во Белград...

Момче од Бихаќ најави дека ќе изврши масакр како вчерашниот во Белград босанската полиција реагираше

Момче од Бихаќ преку социјалните мрежи објави статус во кој се заканува дека ќе направи слично сценарио како во Белград, пренесува Н1 Сараево.

Момче од Бихаќ преку социјалните мрежи објави статус во кој се заканува дека ќе направи слично сценарио како во Белград.

Станува збор за млад човек кој е поранешен ученик во мешовитата гимназија Бихаќ.

-Тоа момче кое уби осум деца за мене е крал! Долго време подготвувам такво нешто за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр во Бихаќ, се колнам со животот! Кога сите знаевте да ме осудувате и избегавате, поради тоа ќе има терор – напиша младиот човек преку социјалните мрежи.

Веднаш следеше соопштението од Мешовитото средно училиште.

„Ги известуваме сите ученици од нашето училиште, како и нивните родители, дека поради ситуацијата настаната поради објавата на нашиот поранешен ученик З.А., нема потреба од паника. Надлежните органи беа соодветно и навреме информирани и реагираа согласно нивните овластувања“, се наведува во соопштението

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ