25/11/2024
ПочетнаUncategorizedНа крунисувањето на кралот Чарлс не се поканети лидерите на седум земји

На крунисувањето на кралот Чарлс не се поканети лидерите на седум земји

Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, изјави за локални медиуми неименуван извор.

Според него, на крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.

Кралот Чарлс ќе биде крунисан во сабота на 6 мај.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ