26/11/2024
ПочетнаUncategorizedКовачевски: Сите владини мерки се насочени кон подобар животен стандард на граѓаните

Ковачевски: Сите владини мерки се насочени кон подобар животен стандард на граѓаните

Изразувам огромна почит кон сите кои со својот труд обезбедуваат стимул и развој на нашата држава. Дури и во услови на најголемата економска и енергетска криза која ја паметиме во изминативе децении, вели премиерот Ковачевски во видео честитката по повод Денот на трудот – 1 Мај.

– Системските решенија до кои дојдовме преку социјалниот дијалог дадоа резултат и го зацврстија партнерството и со синдикатите и со сите засегнати страни. Токму затоа, денес, минималната плата е над 20.000 денари, што е зголемување од 100 проценти во однос на 2016-та година. Предвремено го исполнивме ветувањето за просечна плата над 500 евра, а и ги зголемивме платите во образование, во здравство и во безбедносните сектори, наведува премиерот Ковачевски во првомајската честитка.

Тој потенцира дека Владата постави здрава основа и затоа и минималната и просечната плата, континуирано ќе растат.

– Го почитуваме и цениме трудот на секој работник и поради тоа, денес ние веќе не сме дестинација со евтина работна сила. Денес, инвеститорите ја препознаваат стабилноста и можноста за раст и развој на државата која е земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со Европската Унија и инвестираат и отвораат нови, добро платени работни места, потенцираше премиерот.

Осврнувајќи се на минатата година, Ковачевски нагласува дека 2022 година е заокружена со нови инвестиции од над 430 милиони евра и 2.300 нови работни места, а само во технолошко-индустриските зони имаме над 16.500 вработени, што за повеќе од 10.000 во од 2017-та, па досега.

– Ова темпо продолжува и понатаму. Со реализацијата и изградбата на коридорите 8 и 10-д, овозможуваме нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 отсто годишно во наредните 5 години, вели премиерот Ковачевски.

Тој истакнува дека сите мерки и системски решенија кои ги носи Владата се насочени кон подобар животен стандард на граѓаните.

– Оваа зима пак, не изоставивме никого. Покажавме одговорност и донесовме неколку пакети антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра, со кои го заштитивме животниот стандард, но и работните места. Ова е време на солидарност, но и време кризата да се препознае како можност. Знаеме дека секогаш може подобро и повеќе и за тоа и се бориме. Оваа посветена работа ќе продолжи и понатаму. За Вас вратите во Владата се секогаш отворени. Заедно, рамо до рамо, ќе ги решаваме сите предизвици, а во мене и во Владата вие секогаш ќе имате сојузник, додава премиерот Ковачевски во честитката упатена до сите граѓани по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во негови име и во име на Владата.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ