Вчера од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четворица македонски државјани. Евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што упатуваме искрена благодарност, соопшти македонското Министерство за надворешни работи .
Евакуираните граѓани на .Македонија се наоѓаат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Македонија. До сега се евакуаирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Македонија, се и Грција и БиХ, соопшти МНР кое информира дека надлежна за контакт е амбасадата на Македонија во Абу Даби, со телефонски број +971 56 441 7532 и и-мејл адреса abudabi@mfa.gov.mk,