26/11/2024
ПочетнаUncategorizedЗемјите од ЕУ ја намалија потрошувачката на гас за 18 отсто

Земјите од ЕУ ја намалија потрошувачката на гас за 18 отсто

Земјите од Европската Унија ја намалија потрошувачката на гас оваа зима за 18 отсто, со што ги надминаа планираните заштеди од 15 отсто во најстудените месеци.

Вкупната потрошувачка на гас во 27-те земји на ЕУ е намалена за 17,7 отсто од август до март, во споредба со петгодишниот просек за истиот период, покажуваат податоците објавени од канцеларијата за статистика на ЕУ, Евростат.

Минатата година земјите од ЕУ поставија цел да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто од август до март. Целта беше една од бројните итни мерки на ЕУ донесени по прекинот на испораките на руски гас по воената инвазија во Украина во февруари 2022 година и експлозиите на гасоводот Северен тек во септември истата година.

Повеќето земји од ЕУ ја исполнија целта од 15 проценти, а сите освен Малта ја намалија употребата на гас во тој период, во голема мера благодарение на релативно топлата зима.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ