26/11/2024
ПочетнаUncategorizedВо Москва утре ќе се одржи средба на министрите за одбрана на...

Во Москва утре ќе се одржи средба на министрите за одбрана на Турција, Русија, Сирија и Иран

Во Москва утре ќе се одржи состанок на министрите за одбрана и шефовите на разузнавачките служби на Турција, Русија, Сирија и Иран, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, јавува Андолија.

Акар потсети дека турските, руските и сириските министри за одбрана и шефовите на разузнавачките служби се сретнаа во Москва на 28 декември минатата година и одлучија да продолжат со состаноците.

– Подоцна беа разменети мислења за учеството на Иран на овие состаноци. Ова го одобрија надлежните институции. Овојпат како квартет се подготвуваме за средба на која ќе присуствуваат министрите за одбрана и шефовите на разузнавачките служби, рече Акар. – Овој состанок е закажан за 25 април во Москва. Нашата цел е да ги решиме проблемите преку преговори и да овозможиме мир во регионот што е можно поскоро, истакна турскиот министер.

Акар посочи дека по средбите се очекуваат неколку позитивни чекори.

Тој додаде дека Анкара е решена да се бори против тероризмот и има за цел да обезбеди Сиријците кои се во Турција да се вратат дома доброволно, безбедно и достоинствено.

„Ние сме заедно со нашите браќа и сестри од Сирија, без разлика дали се во Турција или Сирија. Не доаѓа предвид да донесеме каква било одлука што ќе ги доведе во неволја“, нагласи Акар.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ