26/11/2024
ПочетнаUncategorizedЕУ: Изборите на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за...

ЕУ: Изборите на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за четирите општини

Локалните избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за четирите општини во кои се одржаа, а тоа е можно само со трајно враќање на косовските Срби во институциите, што Косово треба да го овозможи, соопшти денеска Европската Служба за надворешни прашања (ЕЕАС).

Во писмената изјава по повод вчерашните избори за градоначалници на Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток и за собранија на општините Звечан и Лепосавиќ, портпаролот на ЕЕАС Петер Стано наведува дека „работата на формирање на Асоцијација /Заедница на општини со српско мнозинство треба да се заврши што е можно поскоро“.

ЕУ признава дека вчерашните избори за градоначалници на Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток и за собранија на општините Звечан и Лепосавиќ се одржани во согласност со законската рамка на Косово и дека се направени напори тие да поминат без проблеми, потенцира Стано.

„Истовремено, ЕУ жали што не сите партии и заедници го искористија своето демократско право да учествуваат и да гласаат на изборите. Многу слабиот одѕив, особено кај косовските Срби, покажува дека овој процес не е и не може да се смета за вообичаен„, се наведува во писмената реакција.

Се додава дека целта на учеството во изборните процеси е да се осигура дека се слушаат гласовите на заедниците што се претставени од избраните лидери.

„Откако косовските Срби ги напуштија косовските институции на северот на Косово во ноември 2022 година, ЕУ е постојано ангажирана со обете страни за да го олесни нивното враќање. Императив е итно да ја вратиме ситуацијата во која косовските Срби активно учествуваат во локалната власт, полицијата и правосудството на северот на Косово“, посочува Стано.

За таа цел, како што се наведува, „итна е потребата од сериозен дијалог меѓу Владата на Косово и косовските Срби на северот“.

„Досега е постигнат мал напредок. Затоа, ни треба двете страни да ја одиграат својата улога и да ги исполнат своите обврски. Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија е вистинската платформа за постигнување на оваа цел“, се вели во соопштението.

Портпаролот на ЕЕАС додава дека ЕУ „го поздравува професионализмот“ на косовската полиција и мисиите ЕУЛЕКС и КФОР во обезбедувањето безбедна средина за изборите.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ