26/11/2024
ПочетнаUncategorizedКорупцијата го јаде македонското општество, вели Спасовски

Корупцијата го јаде македонското општество, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција рече дека треба да се зајакне борбата протиб корупцијата на секое ниво во општеството.

-Во однос на борбата против корупцијата, мојот став е дека треба да се зајакне борбата против корупцијата и тоа на секое ниво од високо до ниско. Корупцијата е таа која што практично го јаде македонското општество, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање за вчерашната изјава на евроамбасадорот Дејвид Гир, дека борбата против корупцијата е разочарувачка.

Рече дека лично е задоволен во однос на тоа што е направено од страна на на МВР.

-Бројките статистички покажуваат дека на пример минатата година имаме ефикасност во откривањето на корупцијата скоро за 50 проценти во однос на претходната година, меѓутоа сепак тоа мора да биде систем којшто ќе биде во можност да одговори на секој еден предизвик и притоа да се работи многу и на јакнењето на јавната свест, бидејќи и таа е многу важна за да се зголеми и довербата во институциите за да можат луѓето да пријавуваат, секако најважно е за тие случаи којшто се однесуваат на високата корупција, рече Спасовски на прес-конференцијата по повод официјалното започнување на заедничката мисија на ФРОНТЕКС во земјава.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ