Италија се соочува со голем недостиг на работна сила – и недостигаат вкупно околу еден милион работници во неколку економски сектори, изјави министерката за труд Марија Елвира Калдероне.
„Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради возраста, а тешко е да се најдат нови работници кои ќе ги пополнат тие работни места“, рече Калдероне.
Таа додаде дека „Владата работи на тоа да обезбеди компаниите да имаат работна сила обучена за работата што ќе ја работат, а особено за предизвиците на денешницата и утрешниот ден“.
„Ова е особено поврзано со еколошката и дигиталната трансформација во светот на работата“, додаде Калдероне, нагласувајќи дека главната цел е да се вработи „секој италијански граѓанин“.
Недостигот од работна сила е особено изразен во туризмот, велат од здружението „Асотуризам конфесерценти“. Од угостителството се жалат на слабиот одѕив на понудите, но и на неквалификациите на кандидатите за работа.
Земјоделството во летните месеци и сезоната на жетва има потреба од најмалку 100.000 работници, објави земјоделското здружение „Колдирети“.
Тие нагласуваат дека итно им се потребни трактористи, градинари и берачи на овошје и зеленчук. Исто така, бараат и квалификувани работници во дигиталниот сектор, како земјоделски техничари кои знаат да управуваат со дронови, да читаат метеоролошки податоци и да користат ИТ алатки.