Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети винаријата „Лазар“ во Кавадаци, каде ќе присуствува на настан по повод претставување на успешните проекти поддржани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност.
На настанот ќе присуствува и заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Џулијан Васало, а презентации ќе одржат советничката за планирање за локален регионален развој во Општина Велес, Јадранка Стефкова и сопственикот на „Лазар“, Лазар Ристов.