27/11/2024
ПочетнаUncategorizedМаск: Управувањето со Твитер е турбулентно, ќе го продадам ако дојде вистинскиот...

Маск: Управувањето со Твитер е турбулентно, ќе го продадам ако дојде вистинскиот купувач

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека управувањето со оваа социјална мрежа е „прилично болно“ и „турбулентно“ и дека ќе ја продаде компанијата доколку дојде вистинската личност, пренесува Би-Би-Си.

Маск, кој сè уште е на чело на производителот на автомобили „Тесла“ и ракетната компанија Спејс Икс (SpaceX), го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври, а неговото лично богатство се проценува на речиси 190 милијарди долари, што го прави вториот најбогат човек, според листата на милијардери на Форбс во светот.
Тој денеска во интервју за Би-Би-Си, кое привлече повеќе од три милиони следбеници, на прашањето дали се кае што го купил Твитер, рече дека „нивото на болка е исклучително високо, а тоа не е некаква забава“.

Зборувајќи за неговото време на чело на Твитер досега, Маск рече: „Не беше досадно. Беше прилично возбудливо“.
Тој додаде дека тоа е „навистина стресна ситуација во последните неколку месеци“, но нагласи дека се уште верува дека купувањето на компанијата е вистинската работа.
Маск рече дека поради обемот на работа „понекогаш спие во канцеларија“, и дека има свое место на креветот во библиотеката „каде никој не оди“.

Тој зборуваше и за финансиите на компанијата и рече дека „повеќето нејзини огласувачи се вратиле“.
Во однос на бројот на вработени, Илон Маск истакна дека не било лесно да се намали од нешто помалку од 8.000 кога го купил „Твитер“ на околу 1.500.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ