27/11/2024
ПочетнаUncategorizedМинистерката Петровска ќе го отвори првиот Одбранбен форум 2023

Министерката Петровска ќе го отвори првиот Одбранбен форум 2023

Во организација на Министерството за одбрана, денеска во Скопје почнува првиот Одбранбен форум 2023. Форумот ќе го отвори министерката за одбрана Славјанка Петровска, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео конференциска врска, како и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Како поддржувачи на форумот, обраќања ќе имаат директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун и претседателката на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, Верица Милеска Стефановска заедно со универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски, претседател на Комитетот МКД НАТО 2030.

Како што е најавено, на форумот се очекуваат над 200 присутни, а ќе се обратат и претставници од земјава, Германија, Белгија, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји.
Ова е еден од поголемите одбранбени форуми во земјата и се планира тој да стане традиционален.

Целта, како што соопштуваат од Министерството за одбрана, е споделување искуства и добри практики во однос на темите на петте панел дискусии на тема – геополитичките случувања врз новата безбедносна архитектура и регионалната безбедност, превенција и одговор на кризи-идни предизвици на НАТО земјите членки, местото и улогата на Армијата – иден развој и приоритети, улогата на цивилното општество во градењето на отпорност, приватното обезбедување и одбранбено-безбедносниот систем – идни можности и соработка.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ