Home Свет Бела куќа: Не поддржуваме напади во Русија

Бела куќа: Не поддржуваме напади во Русија

0
Бела куќа: Не поддржуваме напади во Русија

Белата куќа соопшти дека не поддржува украински напади на територијата на Русија.

Генерално ние не поддржуваме напади во Русија, истакна синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека две украински беспилотни летала биле електронски попречени и соборени кои имале цел напади врз објекти во Москва.

Кремљ соопшти дека ќе одговори на нападот, што го нарече „дрзок акт на тероризам“.