Home Свет Ескобар и Лајчак со барање до Курти: Смирете ги тензиите, организирајте избори и вратете дијалог

Ескобар и Лајчак со барање до Курти: Смирете ги тензиите, организирајте избори и вратете дијалог

0
Ескобар и Лајчак со барање до Курти: Смирете ги тензиите, организирајте избори и вратете  дијалог

Претставниците на Европската унија (ЕУ) и на Соединетите Американски Држави, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар побараа од косовскиот премиер Албин Кути да ја смири ситуацијата на северот на Косово, да одржи нови избори и да се врати на дијалогот со Србија.

„Имавме долги, искрени и тешки разговори во кои изнесовме предлог во име на меѓународната заедница кој содржи три елементи“, рече Лајчак по вчерашната заедничка средба додека на северот се одржуваат протести на српското население.

Ставот е дека во интерес на сите е да има „легитимни“ општински претседатели на северот на Косово кои ги претставуваат граѓаните.

Ескобар, пак, порача дека на оваа средба дошол како пријател на Косово и рече дека се надева оти нивните барања „ќе бидат слушнати“. По Приштина, Лајчак и Ескобар денеска отпатуваа во Белград со цел уште еднаш да ги пренесат барањата на Брисел и на Вашингтон за итно смирување на тензиите на северот на Косово.