15/05/2024
ПочетнаРегионЕУ бара од Косово долга транзиција за укинувањето на динарот

ЕУ бара од Косово долга транзиција за укинувањето на динарот

Европската Унија побара од Косово да обезбеди доволно долг период на транзиција и да најде решение за укинувањето на динарот во рамки на дијалогот за нормализација на односите.

„Краткиот преоден рок за примена на уредбата, во комбинација со недостигот од информации и практични решенија за сите погодени заедници, ризикува сериозно да им ги закомплицира животите на косовските Срби“, се оценува во соопштението кое го издаде портпаролот на ЕУ.

На Косово денес, 1 февруари, стапува на сила уредбата на централната банка на Косово со која е предвидено за плаќања да се користат само евра, со што е завршена употребата на српскиот динар.

Западот побара од Косово да го одложи спроведувањето на оваа одлука, со објаснување дека постои загриженост дека би можела да има негативно влијание на косовските Срби.

Во соопштението на портпаролот на ЕУ се признава дека уредбата има цел да ја унапреди транспарентноста на финансиските текови, да обезбеди финансиска стабилност и да ја засили борбата против перењето пари и фалсификувањето. Се додава меѓутоа дека уредбата ќе влијае на финансиската поддршка која косовските Срби ја добиваат од Србија.

„ЕУ е загрижена поради последиците кои оваа одлука би можела да ги има врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово поради отсуството од претходни консултации, особено нејзиното влијание на школите и болниците, имајќи го предвид очигледното отсуство на алтернативи во овој момент“, се наведува во соопштението.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ