Home Свет Кремљ предупредува: Зголемен интензитетот на напади со украински дронови врз Русија

Кремљ предупредува: Зголемен интензитетот на напади со украински дронови врз Русија

0
Кремљ предупредува: Зголемен интензитетот на напади со украински дронови врз Русија

Обидите за напад со беспилотни летала врз Русија се со зголемен интензитет, предупреди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека „се преземаат мерки“ за да се спречат нападите, но не понуди никакви детали за тоа дали руските системи за противвоздушна одбрана се зајакнати.

„Во тек е многу интензивна 24-часовна работа“, рече Песков.

Неговите коментари доаѓаат откако Русија тврдеше дека Украина се обидела да изврши напад со дрон врз Москва во раните утрински часови.

Руското Министерство за одбрана, исто така, тврди дека Украина се обидела да го нападне Крим, користејќи 17 беспилотни летала во текот на ноќта. Сепак, како што се додава, ударите биле спречени и немало жртви.