Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, упати честитка до ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите. Во својата порака, министерот истакна дека 8 Април е симбол на борбата за еднаквост, слобода и достоинство, како и ден за подигнување на свеста за културните и општествените вредности на ромската заедница.
„Ромската заедница е нераскинлив дел од историјата и културното наследство на нашата земја. Интеграцијата не значи асимилација, туку меѓусебно прифаќање,“ порача Стоилковиќ. Тој нагласи дека Министерството останува посветено на подобрување на правата и положбата на сите заедници, придонесувајќи кон општество базирано на почит, инклузија и рамноправност.
Министерот ги повика сите граѓани да ја слават различноста како сила и да продолжат да градат заедничка иднина за сите.