14/05/2024
ПочетнаМакедонијаПетровска на средба со францускиот министер за надворешна трговија

Петровска на средба со францускиот министер за надворешна трговија

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово имаше средба со министерот за надворешна трговија, атрактивност и француска дијаспора при Министерството за Европа и за надворешни работи на Француската Република, Оливие Бешт, кој деновиве е во посета на регионот.

На средбата се разговараше за проширувањето на Европската Унија и евроинтеграциите на Северна Македонија, за можностите за продлабочување на соработката во полето на одбраната и развој на одбранбената индустрија во Северна Македонија со француски инвестиции во капацитетите.

“Франција е еден од нашите најголеми партнери во Европската унија и држава со која имаме одлична соработка во полето на одбраната, за што најдобар доказ е и набавката на францускиот систем за противвоздушна одбрана“, истакна министерката Петровска.

Во поглед на проширувањето на Европската Унија, за време на состанокот од страна на министерот Бешт беше потенцирано дека Франција сака побрзо да ја види Северна Македонија во ЕУ, со што повторно беше реафирмирана силната француска поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија, процес за кој министерката Петровска посочи дека претставува стратешки интерес за државата.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ