ПочетнаАвтомобилизамСекој петти нов автомобил во ЕУ е електричен: електричните возила го престигнаа...

Секој петти нов автомобил во ЕУ е електричен: електричните возила го престигнаа бензинот

Европскиот пазар на нови автомобили брзо се менува. Според податоците на Здружението на европски производители на автомобили (ACEA), во првите девет месеци од 2026 година целосно електричните возила зафаќаат 22,7 отсто од новите регистрации во Европската унија, наспроти 16,1 отсто лани.

Со тоа електричните возила за прв пат ги престигнаа возилата на бензин, чиј удел падна на 21,2 отсто. Во ЕУ од јануари до септември се регистрирани околу 1,93 милиони нови електрични возила.

Хибридите остануваат први

  • Хибриди: 36,3 отсто, и натаму најпродавани
  • Целосно електрични: 22,7 отсто
  • Бензин: 21,2 отсто (пад од околу 19 отсто во број на возила)
  • Приклучни хибриди: 10,1 отсто
  • Дизел: 7,1 отсто

Вкупниот број на регистрирани нови автомобили во ЕУ е зголемен за 5,7 отсто. Најголем раст на електричните возила има во Франција (79 отсто), Германија (58 отсто) и Данска (40 отсто). Овие земји, заедно со Белгија, учествуваат со речиси две третини од сите нови електрични возила во Унијата.

Извор: ACEA, преку ElectricCarsReport

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ