29/04/2024
ПочетнаМакедонијаУправниот одбор ја усвои драфт верзијата на Националната развојна стратегија

Управниот одбор ја усвои драфт верзијата на Националната развојна стратегија

Драфт верзијата на Националната развојна стратегија (НРС), која ги дефинира приоритетите на државата во наредните 20 години, е финализирана и прифатена од Управниот одбор во кој членуваат сите вицепремиери, министерот за финансии, пратеници во парламентот, членови на МАНУ, претставници на амбасади и меѓународни организации, бизнис секторот и граѓанските организации. Станува збор за сеопфатен документ кој опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на нашата држава во наредните две декади, информираат од Владата.

Процесот на подготовка на Националната развојна стратегија траеше речиси три години и во него директно се вклучија околу 14.000 граѓани, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор, државните институции и голем број на домашни и странски експерти. НРС ја опфаќа визијата за иднината на Македонија и претставува пример за консензуален, надпартиски, надгенерациски, меѓуетнички, родово и социјално сеопфатен документ, во чија подготовка активно се вклучија политичките партии и од власта и од опозицијата.

Процесот на креирање на Националната развојна стратегија, Владата на Република Северна Македонија го реализира во партнерство со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите нации и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Изработката на НРС е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје и од Министерството за финансии на Република Словачка.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ