27/11/2024
ПочетнаUncategorizedБајден денеска ќе се сретне со премиерите на Британија и Австралија

Бајден денеска ќе се сретне со премиерите на Британија и Австралија

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Сан Диего, Калифорнија, ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак и неговиот австралиски колега Ентони Албанез, за да разговараат за безбедносниот сојуз АУКУС, соопшти Белата куќа.

Сојузот, чие име доаѓа од комбинација на акронимите на трите земји, постои од 2021 година и има за цел да и овозможи на Австралија да набави подморници на нуклеарен погон за да ја зајакне безбедноста и способноста за воено одвраќање во Индо-Пацификот.

Според безбедносните експерти, сојузот е насочена против потенцијалната закана од Кина. Австралија планира нова воена база за нуклеарни подморници на нејзиниот источен брег. Веќе има база на западниот брег. САД имаат големо воено пристаниште во Сан Диего.

Франција ја налути новиот сојуз бидејќи поради АУКУС пропадна договорот за испорака на подморници за Австралија во вредност од 56 милијарди евра.

Партнерите на АУКУС минатата година најавија дека сакаат поблиска соработка и на полето на кибер – безбедноста.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ