Напаѓачот на Франција и Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе го коментираше неговото второ место во изборот на ФИФА за играч на годината за 2022 година.
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси ја освои титулата, додека на третото место заврши напаѓачот на Франција и Реал Мадрид, Карим Бензема.
– Уште еден трофеј дома. Честитки за Лионел Меси, ти си најдобар! – напиша фудбалерот на социјалните мрежи.
Мбапе заврши на второто место со француската репрезентација на Светското првенство 2022 година во Катар, губејќи во финалето од Аргентина (3:3, 2:4 на пенали).
Во гласањето на ФИФА учествуваа капитените и селекторите на сите репрезентации, новинари и навивачи на веб-страницата на организацијата.