24/11/2024
ПочетнаМакедонијаБочварски и Костадиновска-Стојчевска: Инвестициите во инфраструктурата и културата се влог за идните...

Бочварски и Костадиновска-Стојчевска: Инвестициите во инфраструктурата и културата се влог за идните генерации

Инвестициите во инфраструктурата и културата се траен влог за идните генерации, беше заклучено на денешната панел дискусија посветена на инвестициите во овие два сектори во рамки на годишната конференција „ Година на европски можности”.

На панел дискусијата покрај министрите за транспорт и врски и култура, Благој Бочварски и Бисера Костадиновска Стојчевска, учество земаа и Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта, Зоран Трифуновски, директор на Железница Инфраструктура, потоа професорката од Институтот за македонски јазик, Весна Костовска и Зоран Павлов директор на Управата за заштита на културното наследство.

Во своето обраќање министерот Бочварски истакна дека оваа Влада реализира најголем обем на капитални инвестиции во висина од преку 2 милијарди евра.

„Инвестициите во инфраструктурата имаат клучно значење за развојот на економијата, регионалното поврзување и тоа е клучното прашање кое Владата го креираше за реализација на капиталните проекти. Со ова креиравме политики на развој на градежниот сектор и отворање на нови работни места. Само минатата година имаме 707 милиони евра реализација на капитални инвестиции во патишта, железници, гасоводна мрежа, водоводи и канализации и социјални станови.

И убеден сум дека ова е решението и дека Владата мора да продолжи по овој пат што го трасиравме. Градежништвото во овие години дожувива рестарт токму поради градежната реформа што ја направивме со новиот принцип на градење кој го применуваме на терен на изградба на коридорите и кој ги дава посакуваните резултати. Ова е шанса после 30 години самостојност да покажеме дека инфраструктурата е на приоритетно ниво”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот потенцираше во делот на станбената политики за ранливите категории на граѓани до сега се изградени преку 860 социјални станови, додека во делот на градежната дејност се реализира најголемата реформа со креирање на нови закони и акти кои ја подобрија работата на целиот градежен сектор.

Директорот на ЈП за државни патишта потенцираше дека изминатата година Јавното претпријатие реализираше преку 400 милиони евра капитални инвестиции и најголем приход од наплата на патарини.

„Минатата година остваривме рекорден приход од патарини и тоа во висина од 62 милиони евра и 400 милиони евра капитални инвестиции. За неполни три години завршивме  630 км патна мрежа, а во фаза на изгрaдба и рехабилитација се околу  300 километри патишта. Го започнваме најголeмиот проект за изгрaдба на коридорите 8 и 10 д”, рече директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Тој исткна дека оваа година ќе продолжат инвестициите во подобрување и модернизација на патната мрежа низ целатата територија на државата, при што е предвидено изградба на уште 70 км државни патишта со проценета вредност од околку 400 милиои евра.

Изградбата на пругата кон Бугарија е со засилено темпо, истакна директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Зоран Трифуновски.

„Првата и втората фаза од изгрaдбата на пругата кон Бугарија се одвиваат интензивно согласно динамичките планови на изведувачите. Првата делница до Бељаковце очекуваме да заврши до октомври оваа година а втората до Крива Паланка во текот на 2026 година. Во однос на третета делница од Крива Паланка до граничен прмеин Деве Баир, теденрската постапка е во тек. Очекуваме следната година да избереме изведувач и да почнеме да градиме и тука морам да нагласам дека само во оваа фаза предвидени се  22 тунели и 52 моста“, истакна директорот Труфуновски.

Во однос на важните инвестиции во културата, министерката Костадиновска-Стојчевска го посочи покачувањето на платите на вработените во секторот од 43 проценти како една од главните придобивки во  културата изминатите години. Таа истакна дека последните две години се вложени 900 милиони денари за санација, реконструкција и продолжување на градбата на постојните објекти од областа на културата.

„Капиталните дотации за ЕЛС се ставка која се актуелизираше минатата година и која досега не изнесувала повеќе од еден милион денари. Она што е значајно е фактот што минатата година за капитални дотации беа издвоени 40 милиони денари. Инвестиравме во општините  Кратово, Валандово, Кривогаштани,  во Делчево, општини во кои како што кажаа и самите градоначалници никогаш досега немало капитални дотации. Оваа 2024 година оваа ставка изнесува 50 милиони денари и целта е секоја наредна година таа сума да изнесува што е можно повеќе“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура ги издвои и инвестициите од 120 милиони денари за реновирање на Универзалната сала, 32,8 милиони денари за целосна обнова на старото училиште во Љубојно, финализирање на реставрацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново како и други проекти.

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Весна Костовска пред претстојната собраниска седница на која треба да се гласа новиот Закон за употреба на македонскиот јазик истакна: „Со овој предлог се прошируваат областите каде што употребата на македонскиот јазик ќе биде задолжителна, ќе има задолжително вработување на лектори што ќе значи и задолжително лекторирање на текстовите. Се предвидува стипендирање на учениците на сите нивоа на образование што ќе биде мотив за зголемување на интересот за студирање на македонскиот јазик“.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов говореше за напредокот во заштитата на Охридскиот Регион и унапредувањето на правните механизми за ефикасно спроведување на препораките од УНЕСКО. Во однос на заштитата на културното наследство Павлов истакна дека во новиот закон и Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство посебен акцент се става на одржливиот раст на културното наследство во насока на негова трајна заштита.


spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ