17/11/2026
ПочетнаМакедонијаДЗР: Ограничени ИТ капацитети и безбедносни пропусти во Агенцијата за вработување

ДЗР: Ограничени ИТ капацитети и безбедносни пропусти во Агенцијата за вработување

Државниот завод за ревизија објави извештај за ИТ системот на Агенцијата за вработување (АВРСМ), во кој за периодот од 2021 до 2024 година се утврдени сериозни слабости кои го загрозуваат нивото на заштита на податоците и ИТ ресурсите. Во централниот Сектор за информатика се пополнети само 2 од предвидените 7 работни места (28,57%), во последните три години не се спроведени обуки за ИТ кадарот, а во институцијата отсуствува и номинирано лице за информациска безбедност.

Иако од 2020 до 2025 година за ИТ инфраструктура се реализирани набавки во вредност од 171,2 милиони денари (околу 2,78 милиони евра), системот дури 293 дена (15,7% од анализираниот период) функционирал без активен договор за одржување. Ревизијата констатира застарени внатрешни процедури од 2015 година, постоење активни кориснички сметки на поранешни вработени, како и далечински пристап преку VPN без повеќефакторска автентикација.

Дополнително, во Агенцијата се користат застарени оперативни системи, резервните копии не се енкриптирани и не се тестира нивниот поврат, а отсуствуваат и плановни за континуитет на бизнисот. Серверската просторија исто така не ги исполнува безбедносните стандарди поради нефункционална противпожарна сигнализација и отсуство на резервно напојување. Раководството на Агенцијата веќе достави известување за преземените и планираните мерки по препораките на ревизорите.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ