24/11/2024
ПочетнаСветУкраинските власти до граѓаните на областа Херсон: „Ве молиме направете сè, бегајте...

Украинските власти до граѓаните на областа Херсон: „Ве молиме направете сè, бегајте сега“

Украинската телевизија „Суспилне“ го објави најновиот извештај за последиците од уништувањето на браната Нова Каховка во окупираниот дел на украинската област Херсон.

Нивото на водата околу браната Каховка во јужна Украина, која беше разнесена, се зголеми за десет метри, а неколку острови низводно се веќе целосно поплавени, јави руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на локалните власти.

Според првичните прогнози, акумулацијата треба да се испразни во следните четири дена.

Поради експлозијата во хидроцентралата Каховка, прогласена е опасност од поплави за 80 населени места, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Досега повеќе од 10 населени места се целосно или делумно поплавени, соопштија локалните власти. На десниот брег на реката Днепар во т.н во критичната зона има околу 16.000 луѓе, а локалните власти ги евакуираат жителите од загрозените места.

Околу пладне по локално време возот за евакуација треба да тргне од Херсон за Миколаев.

Украинските власти ги повикаа жителите кои живеат низводно веднаш да ја напуштат областа.

Регионалниот шеф на Херсон Олександар Прокудин предупредува дека нивото на водата во реката Днепар ќе биде „критично“ во рок од пет часа.

– Евакуацијата во опасната зона започна, рече тој и ги повика граѓаните да земат документи и најпотребни работи и да ги чекаат автобусите.

– Ве молам, направете се што можете за да си го спасите животот. Веднаш напуштете ги опасните области – додаде тој.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ