24/11/2024
ПочетнаUncategorized„Католички свештеници сексуално злоставувале 2.000 деца“: Извештај од државниот обвинител на Илиноис

„Католички свештеници сексуално злоставувале 2.000 деца“: Извештај од државниот обвинител на Илиноис

Свештениците на Римокатоличката црква сексуално злоупотребувале околу 2.000 деца во американската сојузна држава Илиноис од 1950-тите до 2010-тите, објави обвинителот на таа држава во новиот извештај.

Во него се објавени детали како црковните водачи често ја толерирале и прикривале злоупотребата.

Во извештајот од 696 страници, јавниот обвинител на Илиноис Кваме Раул изнесе наводи за злоупотреба против 451 католички свештеник во шест епархии, пренесува Ројтерс.

Се вели дека најмалку 1.997 деца биле сексуално злоставувани во последните седум децении.

Во извештајот за прв пат се објавени имињата на 149 свештеници против кои има веродостојни обвинувања за сексуална злоупотреба.

Подготовката на извештајот беше нарачана во 2018 година од страна на претходничката на Раул, Лиза Мадиган, која ја обвини Црквата за недоволно пријавување на бројот на случаи, бидејќи првично идентификуваше 103 лица одговорни за злоупотреба во нејзините редови.

„Децениските одлуки и политики на католичките водачи им овозможија на познатите злоставувачи да се кријат“, рече Раул.

Извештајот е дел од неколку истраги ширум светот за сексуалната злоупотреба во Католичката црква и честата практика да не се казнуваат одговорните, туку да се префрлаат на други места, со што се ставаат уште повеќе деца во ризик.

Тие скандали го уништија угледот на црквата и претставуваат голем предизвик за папата Франциско, кој усвои низа мерки во изминатите 10 години со цел да побараат одговорност повеќе свештеници, со делумни резултати.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ