– Македонскиот кошаркар и играч на УНИКС Казан, Ненад Димитријевиќ, ја доби наградата МВП (најкорисен играч) на плејофот на ВТБ-лигата за сезона 2022/23.
Вчера УНИКС Казан го совлада Локомотив-Кубан Краснодар во петтиот меч од финалната плејоф серија (98:89, 4-1) и стана победник на ВТБ Јунајтед лигата за прв пат во клупската историја.
Македонскиот репрезентативец постави личен рекорд со 34 поени. Димитријевиќ реализираше 11 од 19 од поле (3 од 8за три) и 9 од 10 од линијата за слободни фрлања, како и пет скока, три асистенции, една освоена и три загубени топки за 34 минути на паркетот.
На 15 натпревари во плејофот, Димитријевиќ имаше просек од 15,8 поени, 5,3 скока, 3,2 асистенции и 1,2 украдени топки.