– Велика Британија ќе испрати стотици нови дронови за напад со голем дострел од над 200 километри во Украина, соопшти владата денеска откако претседателот Володимир Зеленски пристигна во државата на разговори со премиерот Риши Сунак.
„Денеска премиерот ќе го потврди натамошното обезбедување од Обединетото Кралство со стотици ракети за противвоздушна одбрана како и стотици нови дронови за напад со дострел од над 200 километри“, се вели во соопштението на владата.
„Сите тие ќе бидат испорачани во текот на следните месеци додека Украина се подготвува да го засили својот отпор кон тековната руска инвазија“.