Под мотото „Обединети со музиката“ вчера во Ливерпул се одржа свеченото отворање на Евровизија 2023, а претставниците на сите 37 земји учеснички прошетаа на тиркизниот килим.
Дотерани, насмеани и подготвени за забава, претставниците на земјите учеснички со водителите разговараа за Евровизија и ги споделија своите впечатоци од градот домаќин.
Македонија, годинава, нема свој претставник. МРТ ќе врши директен пренос од сите три вечери на 9, 11 и 13 мај, од 21 часот.