25/11/2024
ПочетнаUncategorizedУкраина ќе го одбележи 9 мај како ден на Европа, а 8...

Украина ќе го одбележи 9 мај како ден на Европа, а 8 мај како ден на победата над нацизмот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ врз основа на кој 9 мај во Украина ќе се слави како Ден на Европа.

Зеленски испрати и предлог до парламентот, 8 мај да се прогласи за Ден на сеќавање и победа над нацизмот во Втората светска војна, пренесува Интерфакс Украина.

Во указот објавен на веб-страницата на претседателот на Украина, Зеленски посочува дека 9 мај го прогласува за Ден на Европа, свесен за европскиот идентитет на украинскиот народ, со цел зајакнување на единството на народот на Европа, обезбедување мир, безбедност и стабилност на европскиот континент.

– Никогаш нема да го заборавиме придонесот на украинскиот народ во победата над нацизмот. И нема да дозволиме лага дека победата во таа војна можеше да се постигне без учество на која било земја или нација – рече Зеленски во видео пораката.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ