25/11/2024
ПочетнаUncategorizedМеѓународната книжевна манифестација „Вавилон” во Скопје

Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон” во Скопје

Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

Свеченото отворање ќе биде денеска, во 11.00 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, а за утре е предвидено читањето, во 11.00 часот, во Галеријата Даут пашин амам.

– На манифестацијата ќе настапат еминентни домашни и странски поети, известуваат од ДПМ, организатори на „Вавилон“.

Од ДПМ информираат дека годинашни добитници на меѓународната награда „Вавилон” се Игор Мировиќ, поет од Војводина и македонскиот писател Јордан Плевнеш.

Признанието „Македониум” ќе им биде доделено на Културно-информативните центри на РС Македонија во: Њујорк, Софија, Истанбул, Тирана и Загреб.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ