26/11/2024
ПочетнаUncategorizedДачиќ по СБ на ОН: Ќе продолжиме да инсистираме на ЗСО

Дачиќ по СБ на ОН: Ќе продолжиме да инсистираме на ЗСО

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, по седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк во изјава за РТС рече дека мнозинството од членките биле коректни и посочиле дека Приштина има обврска да ја формира Заедницата на српски општини (ЗСО) и да го поддржале дијалогот, но дека не е сигурен дека тој дел од договорот ќе се спроведе, затоа што владата на Албин Курти тоа не го сака, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот Дачиќ во изјава за РТС настаните на седницата на Советот за безбедност на ОН ги подели на два сегмента.

-Седницата би ја поделил на два дела. Едно е важно, а тоа е односот на членовите на Советот за безбедност. Мислам дека огромното мнозинство членови беа коректни во однос на тоа што го кажаа за обврските и моменталната ситуација, а речиси сите, од САД, Велика Британија, Франција до Кина и Русија, истакнаа дека Косово има обврска и дека мора конечно да формира Заедница на српски општини, што секако е најважното прашање за нас и дадоа поддршка на дијалогот,рече Дачиќ.

Вториот дел од седницата, според министерот Дачиќ, ја преставувал „нашата мака што ја имаме со Приштина“.

-А тоа е дека живееме во атмосфера на голема омраза од нивна страна. Тие јасно покажаа дека не сакаат никаков вид коректни односи, коректен дијалог, дека сакаат конфликти, дека сакаат продолжување на војната, нагласи српскиот министер за надворешни работи.

Тој кажа и дека Србија ќе продолжи да инсистира на формирањето на ЗСО, тоа да биде прва точка во спроведувањето на се останато.

-Ќе видиме на 2 мај како ќе се однесува Курти, не сум сигурен дека ќе успее. Како што кажав, речиси сме сигурни дека ништо нема да излезе од тоа, бидејќи неговата цел не е формирање на ЗСО, неговата цел е да ги протера Србите од Косово и тоа е суштината, изјави Ивица Дачиќ за РТС.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ