По бројни предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија, и неверојатни 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Република Северна Македонија минатата година направи историски исчекор и ги започна преговорите за пристапување во ЕУ, кои означуваат почеток на новата и квалитативно највисока фаза во односите со ЕУ пред полноправното членство. За остварување на оваа стратешка цел минатата година беше потребна политичка храброст и ние ја презедовме без двоумење во интерес на нашите сограѓани. Многумина дома се уште не се убедени дека ја донесовме вистинската одлука и наша заедничка цел треба да биде да ги увериме со дела дека проширувањето е живо и дека и нашите граѓани наскоро ќе имаат шанса да ја почуствуваат конкретната корист од трансформацијата која ни претстои.