14/05/2024
ПочетнаРегионГерманскиот министер за одбрана, Писториус во посета на Косово

Германскиот министер за одбрана, Писториус во посета на Косово

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус ќе престојува денеска во Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и министерот за одбрана Ејуп Маќедонци, јави дописникот на МИА од Приштина.

За време на посетата Писториус ќе биде придружуван од пратеници во Бундестагот и од германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде.

Средбата со Османи ќе се одржи во претседателскиот кабинет со почеток во 11:00 часот, по што ќе се одржи и конференција за медиуми, додека средбата со Курти е закажана за во 12:30 часот во Владата на Косово.

Германскиот министер во Министерството за одбрана ќе биде примен од неговиот колега, Маќедонци во 13:30 часот со официјална церемонија, со учество на церемонијалниот вод на Безбедносните сили на Косово, по што министрите за одбрана и соодветните делегации ќе одржат билатерална средба.

По завршувањето на закажаните средби во Министерството, дневната агенда ќе продолжи во Меѓународниот центар за потрага и спасување, во Помозатин, каде што двајцата министри за одбрана ќе се информираат за професионалните капацитети и техничката опременост на овој Центар.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ