24/11/2024
ПочетнаUncategorizedКовачевски го отвори Скопскиот економски форум

Ковачевски го отвори Скопскиот економски форум

Економскиот форум годинава го дочекавме во уште еден голем предизвик, за кој сметаме дека ваквите настани ќе бидат дел од историјата и таму ќе останат. Но, за жал, се соочуваме со воената агресија на Руската федерација врз Украина, која целосно ја измести гео-политичката сцена, оставајќи огромни последици со кои секојдневно се бориме. Претходниот, прв Економски форум, се одржа во ек на корона кризата, а сега, две години подоцна, се соочивме со светската економска и енергетската криза, која предизвика забавување на економиите и раст на инфлацијата на глобално ниво, истакна премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на Скопскиот економски форум во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација.

-Владата, успеа да го сузбие растот на електричната енергија и да го ублажи ценовниот шок за граѓаните со навремените мерки, со над 760 милиони евра. Според податоците на Светска банка во регионот издвоивме највисока буџетска поддршка. Сите мерки се носеа во партнерство со засегнатите страни, со поддршка од државите од регионот, на ЕУ и нашите стратешки партнери САД. Сепак, и лошото искуство е поука. Барем ние, народите од овие простори сме поминале турбулентни историски моменти исполнети со конфликти, поделби, раздори, убивања. Поучени од тие поделби и раздори, не треба да се вртиме кон минатото, туку треба да се фокусираме на иднината, на тоа како да ги подобриме нашите економии, како да им овозможиме на нашите граѓани подобар стандард и поквалитетен живот, рече Ковачевски.

Ковачевски ги пренесе заклучоците од неодамна одржаната Минхенска безбедносна конференција, каде што, како што рече, Северна Македонија е препознаена како фактор на стабилност на Балканот.

-Досега сум кажал, но пак ќе истакнам, веќе не е прашање дали Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ, туку кога ќе стане дел од ЕУ. На Економскиот форум гледам како на продолжение односно надополнување на заедничките регионални иницијативи, меѓу кои и Отворен Балкан, каде преку различни проекти, го олеснуваме и подобруваме животот на граѓаните. Северна Македонија е земја членка на НАТО, земја која ги отпочна преговорите со ЕУ, земја учесничка во Берлинскиот процес и земја, која од оваа година, го презеде претседавањето со ОБСЕ. Ние сме земја која отворените прашања на билатерално, регионално или меѓународно ниво ги решаваме по дипломатски пат, а не насилно. Затоа, за нас е несфатлива и неприфатлива воената агресија на Русија врз Украина, акт со кој се кршат сите меѓународни норми и правила, пренесени во меѓународните договори, посочи Ковачевски.

Премиерот оцени дека земјава цврсто чекори кон ЕУ, заблагодарувајќи се на стратешките партнери на САД и земјите-членки на ЕУ, кои, посочи, во изминатиов период даваа и даваат безрезервна поддршка на нашето членство во Европската Унија, како и поддршка на реформските процеси на тој пат.

spot_img
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ

НАЈНОВИ ОБЈАВИ